Македонија на 29. место за инвестирање во светот

Bez autora
Jun 01 2014

Македонија оценета како 29. најповолна дестинација за странски инвестиции во светот, во новата листа на угледното американско списание „Форин полиси“. Македонија бележи напредок од 5 места во однос на минатогодишната, прва анализа на ова списание. Индексот, подготвен од економистот Даниел Алтман, ги оценува државите според осум категории - предвидениот економски раст, финансиската стабилност, општата безбедност на земјата, нивото на корупција, опасноста од одземање на имотот од страна на државата, експлоатација од локалните партнери, контрола врз текот на капиталот и валутната стапка. На интернет-страницата на „Форин полиси“ е објавена мапа наменета за странските инвеститори, во која Македонија и Бугарија се истакнуваат како водечки дестинации за странски инвестиции на Балканот, а Грција, која е пласирана на 101. место, е обележана како една од најлошите дестинации во регионот. Романија е на 48 место, Србија е пласирана на 55 место, Словенија е 74, а Турција, поради политичката криза и понискиот очекуван раст, падна на 79. место.

Македонија на 29. место за инвестирање во светотМакедонија оценета како 29. најповолна дестинација за странски инвестиции во светот, во новата листа на угледното американско списание „Форин полиси“.

Македонија бележи напредок од 5 места во однос на минатогодишната, прва анализа на ова списание. Индексот, подготвен од економистот Даниел Алтман, ги оценува државите според осум категории - предвидениот економски раст, финансиската стабилност, општата безбедност на земјата, нивото на корупција, опасноста од одземање на имотот од страна на државата, експлоатација од локалните партнери, контрола врз текот на капиталот и валутната стапка.

На интернет-страницата на „Форин полиси“ е објавена мапа наменета за странските инвеститори, во која Македонија и Бугарија се истакнуваат како водечки дестинации за странски инвестиции на Балканот, а Грција, која е пласирана на 101. место, е обележана како една од најлошите дестинации во регионот. Романија е на 48 место, Србија е пласирана на 55 место, Словенија е 74, а Турција, поради политичката криза и понискиот очекуван раст, падна на 79. место.

Листата на „Форин полиси“ особено високо ги вреднува државите што имаат голем потенцијал за економски раст, па на првите места на листата, освен очекуваните Хонг Kонг, Тајван, и Kатар, се наоѓаат повеќе држави од Африка, како што се Боцвана и Гана, за кои списанието оценува дека се неоткриени пазари за инвеститорите. На последното, 112. место на листата, се најде Венецуела, која се соочува со протести и закана од граѓанска војна, а друштво ~ прават земји со безбедносни проблеми или хронични економски тешкотии како Аргентина, Kонго и Ангола.

Од големите пазари најдобро е пласирана Индија, за која „Форин полиси“ оценува дека со најавените реформи на новиот премиер Нарендра Моди, оваа земја ќе се отвори за странските инвестиции.

- Идејата на нашиот индекс е да објасниме како сите наведени фактори влијаат врз странските директни инвестиции во следните пет години. Во изминатите 12 месеци некои од проблематичните економии застанаа на нозе, особено во Европа, а други потонаа во конфликт. Некои ги подобрија своите економски институции, соседите Грција, Македонија и Турција ги засилија правните рамки за заштита на инвеститорите, а Азербејџан ја засили заштитата на правото на сопственост - пишува Даниел Алтман.

Индексот на „Форин полиси“ е изработен со комбинирање податоци собрани од повеќе водечки анализи, како што е Индексот на економски слободи на фондацијата „Херитиџ“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik